„За да не се бламира Владата, подобро Кичеец да го одлежи остатокот од казната онлајн“ – твитерџиите се шегуваат откако во медиумите вчера беше објавена информација дека во тешката сообраќајна незгода која се случи на патниот правец Гостивар – Кичево учествувал и познатиот бизнисмен Зоран Милески Кичеец. Неколку часа подоцна стигна соопштение дека тој е времено пуштен од затвор поради здравствено лекување.

Оваа вест предизвика доста реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Во продолжение пренесуваме дел од твитер коментарите: