Информацијата дека вицепремиерот за Рамковен договор, Хазби Лика, кој се „прослави“ со непојавувањето на работното место, станува член на Совет за координација на разузнавачката заедница го инспирира твитот на денот на Џокер Ботов.
„Хазби Лика ќе надгледува разузнавачи? Седи си Лика дома, арен си беше“, е твитот за „командант Чела“ од конфликтот во 2001 година, за кој Граѓанско демократска унија во соопштение за јавноста потсетува на сомнежите дека бил еден од учесниците во масакрот кај Вејце, во кој ѕверски беа убиени осум припадници на македонските безбедносни сили.