Твит на денот: Љубоморни сте дека Цветанка ја сака снаа ѝ, а вас вашите свекрви не!

Апсолутниот победник меѓу илјадниците (духовити) реакции на социјалните мрежи за контраверзното доделување средства од Фондот за иновации и технолошки развој доаѓа од „Твитер“.

„Љубоморни сте дека Цветанка ја сака снаа ѝ, а вас вашите свекрви не!“, твитна Ина @mnogufina.

Tвитот се однесува на грантот од речиси 20 милиони денари за фирмата „Декодикс“ од Скопје, чиј еден од сопствениците е Христина Керкез, снаа на советничката за култура Цветанка Ласкова во кабинетот на премиерот Зоран Заев.