Твитерџијата „Капетански дневник“ во твитот на денот веќе го формулира прашањето на можниот референдум што го најавува скопскиот градоначалник Петре Шилегов по аналогија на тоа од референдумот од 30 септември 2018 година.
„Дали сте за членство во ЕУ со прифаќање на планот за уривање на Универзалната сала?“, би било прашањето по урнек на тоа од граѓанското изјаснување пред две години: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.