Партијата ДПА планираше Централното собрание вчера да го одржи во салата на општина Тетово. Но, тоа не се случи поради тоа што салата беше затворена. Од ДПА велат дека градоначалникот на општината Биљал Касами се инаети и ова тој „ја приватизира општината“, јави ТВ21.
„Доставивме регуларно барање за користење на салата на општината. Општинските органи не ни одговорија формално.
Каде градоначалник со себе ги носи клучевите од салата на општината?
Се чини дека актуелната власт ја третира општината како приватна своина“, вели Висар Палоши од ДПА.
Партијата на Тачи беше принудена да го одржи Собранието во хотел, каде беа избрани членови на Централното раководство, потпретседатели и генерален секретар.
