„Партијата Алтернатива влезе во Владата, заради добивање на датумот, иако претходно изразуваше ставови дека ваквата Влада не е проевропска.“ – истакнува весникот „Лајм“ во својата информација „Острите критикувачи на Ахмети и Заев влегоа во Владата – политичката преобразба на Алтернатива“, пренесувајќи ја статијата на ТВ Клан Македонија „Ја означуваа Владата како антиевропска, но и се придружија да не внесе во Европа“.

„Лајм“ пренесува: „Откако стана јасно дека коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива ги загуби изборите, токму Африм Гаши пред Собранието на Република Македонија им вети на граѓаните дека ќе ја продолжи битката за промени се додека не се случат тие промени. Дури тој отиде и понатаму, ветувајќи дека ќе се продлабочи соработката со Алијансата.“

„На денот кога соопштија дека се во разговори, за да влезат во Владата, од Алтернатива рекоа дека главната причина за ова е политичката стабилност и добивањето на датумот. Видео – снимките од архивите докажуваат дека Алтернатива не верува, оти оваа Влада е проевропска. Работите се сменија очигледно на денот кога Заев му понуди на Африм Гаши влез во Владата.“

„Хисни Исмаили, потпретседател. Беким Сали, министер. Адмирим Алити, министер. Џемаил Чупи, министер. Љуљзим Алиу, заменик – министер. Абдилшуќур Абедини, заменик – министер. Даим Лучи, заменик – министер. Орхан Муртезани, директор. Амир Елези, директор. Дритан Реџепи, директор. Мубекир Палоши, директор. Блерим Абази, директор. Беким Емини, директор. Претседателот на Алтернатива Африм Гаши побара од од овие функционери да работат достоинствено и чесно.“ – пишува ТВ Клан Македонија, а пренесува „Лајм“.