„Секојдневно се случуваат злоупотреби на цените пред очите на власта, но нејзините функционери креваат раменици, велејќи дека законот не им дава можност да реагираат со санкции ,за да се запре овој негативен тренд.“ – вели ТВ Алсат во својата статија со наслов „Битиќи: Не може да се контролираат цените, освен преку маржите“
ТВ Алсат објави: „Запрашан за цената на млекото, откупувано од сточарите за 29 денари, а продавано за 100 денари, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека Пазарниот инспекторат може да постапува само таму каде што не се почитуваат мерките на Владата.“
„Во овој момент тоа не е можно. Она што пазарниот инспекторат може да го направи, тоа го прави. Таму кај што имаме регулирана маржа, ако не постапат според одлуката на Владата, добиваат казни. Таму каде што маржите не се регулирани, контролните механизми не се можни и не може да има казни.’ – изјави Битиќи.“
Премиерот Ковачевски во интервју за Гласот на Америка кажа дека ова ќе биде тешка зима не само за земјава, туку и за целиот свет, бидејќи ќе има недостиг од електрична енергија и на резерви на храна.“
„Ковачевски рече дека земјата е во преговори со соседните земји Србија и Бугарија, Грција, но и со Турција, да обезбеди струја преку директни договори.“