ТВ Алфа: Стигна ли мајмунската сипаница и во Македонија?

Според неофицијални информации на телевизија Алфа во Македонија има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Наводно, пациентот е од Кичево, а го очекуваат да пристигне во секој момент на Инфективна клиника. Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.

Ос „ТВ Алфа“ се обидела да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега не добиле одговор на повиците и пораките.

Дежурниот доктор вечерва на клиниката за телевизијата изјавил дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент.