Од Демократската партија на Турците се со став дека за нив е неприфатливо торбешите да влезат како посебна заедница во Уставот. Официјално велат дека за се’ треба да се разговара, дознава „Сител“.
„Во работната група треба да ги разгледаме сите барања и предлози што ќе дојдат за промена на Преамбулата. Нашиот партиски став е дека не треба да се отвораат премногу прашања и дека не треба да се излегува од она што е Договор со Бугарија и од усвоената Декларација во Собранието“, велат од ДПТ.
„Имаме и ние свои црвени линии“, велат од ДПТ за можноста торбешите влезат во Уставот и најавуваат дека во таков случај тие би излегле од власта.
Демократската партија на Турците во парламентот има еден пратеник – Иљас Бејџан кој јавно изрази незадоволство и од тоа што не се реализираани ветувањата од СДСМ за една изборна едница.
Ова е уште една порака до „стабилното парламентарно мнозинство“ од 65 пратеници на кое се потпира владата на премиертот Димитра ковачевски.
Лидерот на„Достоинство“, Стојанче Ангелов најави излегување од влада оиткако бил одбиен неговиот предлог закон за бранителите.
Од партијата „ДОМ“ на Морачанин, на владата ѝ дадоа рок до јуни да се изјасни за предфлогот за воведување една изборна единица во Македонија.