Речиси две недели по најсмртоносната катастрофа во поновата историја на земјата, Турција најави дека ги прекинува операциите за потрага по преживеани од катастрофалните земјотреси на 6 февруари.
Шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Јунус Сезер, најави дека потрагата и спасувањето во голема мера ќе заврши до недела навечер.
Повеќе од 46.000 луѓе загинаа по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари.
Се очекува бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи сега е познато дека околу 345.000 станови во Турција се уништени, а многумина се уште се водат како исчезнати.
