Турција „не е во позиција“ да го ратификува членството на Шведска во НАТО во сегашната ситуација, изјави денеска Ибрахим Калин, близок советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, по новиот инцидент оваа недела.
Кукла со ликот на Ердоган обесена на протест во Стокхолм
„Не сме во позиција да го испратиме законот на ратификација во Собранието бидејќи имаме реален проблем на тој план“, рече тој и додаде дека постои опасност пратениците да го отфрлат.
Анкара денеска ја осуди видео монтажата направена од група блиска до Курдистанската работничка партија (ПКК) во Шведска, на која за неговите нозе виси куклаа со ликот на претседателот Ердоган и го нарекува „диктатор“.
Калин смета дека Шведска треба да испрати „јасна порака“ за нејзиниот став кон членовите на ПКК на нејзина територија.
„Работиме на овој случај шест, седум месеци и не е добро Шведска да биде претставена во ова светло“, изјави Калин.
„Сакаме да одиме напред, но доколку ваквите инциденти продолжат, тоа само ќе го забави процесот“.