„Резервите на природен гас во Црното Море се проценуваат на 540 милијарди кубни метри. Ова е само почеток, ќе биде продолжение. Црното море може да ги покрие потребите за гас во светот за 45 години“, изјави вчера поранешниот премиер Бинали Јилдирим пренесува турскиот порталот Soczu.
Во 2020 година турските власти објавија дека во Црното Море биле откриени големи резерви на гас.
Резервите на најголемото наоѓалише на гас „Сакарија“ тогаш беа проценети на 400 милијарди кубни метри, пренесува Тас.
Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез изјави дека на наоѓалиштетето се планира да се започне со работа на почетокот на 2023 година и дека дневното производство на гас ќе се зголеми на 40 милиони кубни метри.
„Имаме намера да започнеме со производство на гас, најверојатно во првиот квартал следната година, во почетната фаза производството на гас ќе биде 10 милиони кубни метри дневно, во рок од три до четири години планираме да го зголемиме обемот на 40 милиони кубни метри дневно“, рече министерот.
