Турција во саботата ја осуди новата провокација на, како што ја смета, терористичката група, ПКК, во Шведска, насочена кон турскиот претседател Реџеп Ердоган, јавува Anadolu Agency.
„Најостро го осудуваме фактот дека на група поврзана со ПКК и беше дозволено да прави пропаганда со симболи на терористичка организација и да изврши безобразен чин против нашиот претседател“, се вели во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи.
Претходно, приврзаниците на ПКК извршија провокативен чин поставувајќи ЛГБТ симболи на ликот на Ердоган за време на таков собир што се одржа во шведскиот главен град Стокхолм.
Министерството потсети и на обврските преземени од шведската влада.
На крајот на јули, Ердоган изврши притисок врз Шведска да дејствува против тероризмот доколку сака поддршка за членство во НАТО.
