Турција нема да ѝ воведе санкции на Русија

Турција нема да им се придружи на санкциите на Западот против Русија, воведени поради украинската криза, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Не воведуваме санкции и нема да им се придружиме. Мораме да ги гледаме нашите интереси. Ако сите ги уриваат мостовите, тогаш кој ќе разговара со Русија“, праша Калин во интервју за турската телевизија Хабертурк.

Тој нагласи дека економските односи на Турција со Русија се такви што санкциите би ѝ нанеле поголема штета на турската економија отколку на руската.

„Имаме јасен став за прашањето за санкциите. Запад не го прифати“, додаде Калин.