Лидерот на турска секта, Аднан Октар е осуден на неверојатни 8.658 години затвор по низа обвиненија, вклучително и сексуален напад, малтретирање деца и измама.

Аднан Октар (66) лани бил осуден на 1.075 години по повеќе обвиненија од сексуална злоупотреба на малолетници до измама, како и обид за политичка и воена шпионажа.


Таа пресуда на крајот беше укината, но на повторното судење (среда, 16 ноември) Октар беше осуден на 8.658 години затвор, што е осум пати повеќе од првичната казна.

На подолги казни беа осудени и 14 негови блиски соработници.

Октар и стотици негови следбеници беа уапсени во 2018 година од неговиот дом под многу обвиненија, вклучително и водење криминална организација, даночни прекршоци, сексуална злоупотреба и закони за борба против тероризмот.

За време на неговото апсење, Октар им изјави на новинарите дека обвинувањата против него се „лаги“ и „игра на британската длабока држава“, тема за која често зборувал во минатото.

Во јануари 2021 година тој беше осуден за 10 одделни обвиненија, вклучително и водење криминална банда, ангажирање во политичка и воена шпионажа, сексуална злоупотреба на малолетници, силување, уцена и предизвикување маки.