Тежок инцидент се случи на натпреварот од 9. коло во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Чаир 2030 и Работнички, во кој гостинскиот играч Ерик Нотиџ беше физички нападнат од навивач на домашната екипа.

При водство на Работнички од 44:23 во средината на втората четвртина од средбата во спортската сала „Шабан Трстена“, прво дојде до мал конфликт меѓу Нотиџ и еден од домашните играчи, по што на теренот влета хулиганот и го нападна Американецот со тупаници!

За миг настана голема мешаница, со многу неслужбени лица на теренот, по што мечот беше во прекин половина час, за на крајот судиската тројка на чело со делегатот да донесат одлука тој да не се доигра.

Вториот инцидент на натпревар на Чаир 2030 по тој во второлигашката конкуренција во минатата сезона против Вардар, кога член на управата на домашниот тим нападна гостински кошаркар, почнува по 1:08,00 часа од стартот на видеото: