Тунис не е Алжир – нов пораз за Македонија на СП во ракомет

Петти натпревар, четврти пораз за ракометната репрезентација на Македонија на 28. Светско првенство во Шведска и во Полска, овојпат од Тунис со 33:27 во второто коло од Претседателскиот куп во Плоцк.

Нервозниот почеток и четирите загубени топки на „црвено-жолтите“ во првите шест минути им помогнаа на Тунижаните да поведат со 5:0 и на одморот да заминат со 16:14.

До средината на второто полувреме избраниците на селекторот Кирил Лазаров успеаја да направат и целосен пресврт и во четири наврата да поведат, последен пат со 21:20, пред да му дозволат на противникот да се одлепи на 30:24 и да го реши мечот во своја корист.

Филип Кузмановски со 7/7 и Дејан Манасков со 7/9 беа први имиња во македонскиот напад

В понеделник од 18 часот е последниот дуел од групата со Мароко.