„Поранешниот судија Владимир Туфегџиќ на својот фејсбук-профил вечерва изрази јасен став за изјавата на евроинтегративниот шеф Бојан Маричиќ за постоење/признавање на македонско малцинство во Бугарија: ‘Изјавата на министерот за евроинтеграции за ‘принципиелното’ немешање во прашањето за македонското малцинство во Бугарија, дадена првиот ден од стапувањето на функција, според мене, е вовед во конечното решение на спорот, кое ќе следи.“ – пренесува весникот „Вечер“.

„Вечер“ го цитира и другиот дел на фб-објавата на Туфекџиќ: „Со ваквата изјава јасно се става до знаење дека во наредниот период се во тек завршните подготовки за конечното решение, за кое во изминатиот период се направени сите подготовки да се изолираат и да неутрализираат од значаен јавен простор сите здраворазумни луѓе и интелктуалци, заради било какво битно влијание, кое би можело да предизвика проблем.“