Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ смета дека преседан е начинот на којшто 22-годишиот Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид е изнесен од државата со целосно игнорирање на македонските правосудни органи.

Истрагата за кафеанската тепачка што прерасна во дипломатски скандал е целосно компромитирана со изјавите на политичарите, оцени за ТВ Телма адвокатот.

„Факт е дека начинот на кој сето тоа е направено, со целосно игнорирање на македонските правосудни власти, е опасен преседан, бидејќи се работи за активна истрага, која веќе е компромитирана со политичките изјави на политичките чинители. На тој начин се отежнува работата на јавниот обвинител“, вели адвокатот Туфегчиќ.

Најчевска: Случајот со Пендиков ни отвора можност за пенал

Лицето (Христијан Пендиков) е осомничено како сторител на кривично дело, но и во таа постапка, додава Тугефчиќ, имајќи го предвид настанот што го предизвика вниманието, не знам дали јавниот обвинител во тој контекст побарал од судот за лицето да бидат определени мерки за обезбедување присуство токму за спроведување на оваа постапка.

Османи во Софија ќе го посети претепаниот Бугарин од Охрид

Засега нема официјален став и појаснување од МНР, ниту од Министерството за здравство за процедурата по која тој ја напуштил државата, а од Обвинителството велат дека во однос на други постапки за наведеното лице, повеќе детали ќе изнесат в понеделник откако ќе биде направен увид во предметите што се споменуваат.