Трстена: Мали сме, но ги победивме САД, Русија, Кина…

„Јас сум еден од оние спортисти кои освоиле многу признанија на пет континенти, ама ова е нешто посебно. Знаете зошто, затоа што ова признание е од мојата татковина, од мојот народ кој се радувал со моите успеси“ изјави денеска борачо Шабан Трстена кој беше олимписки шампион во борење на олимпијадата во Лос Анџелес.

„Затоа ова признание ќе биде посебно во мојата спортска душа. Затоа и сум горд што дадов се од себе, 20 години, да се борат со најелитните спортисти од најголемите држави и покажав дека и една мала држава може да ги победи и големите држави како Америка, Русија и Кина. Нека ни е среќна нашата независна држава“.

Трстена беше еден од одфликуваните денеска од претседателот Стево Пендаровски со орденот „8 Септември“.

Орденот „8 Септември“ им беше доделен и на спортистите Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски и Дејан Георгиевски, по повод Денот на независноста.

Наковска-Бикова е носител на златен медал од параолипијадата во Лондон 2012 во стрелање, Јовановски освои злато на параолимпијадата во Барселона 1992, а Георгиевски освои сребро во теквондо на последната олимпијада во Токио.