Штетите за опожарениот мост „Беласица“, според Ангелов, ќе бидат милионски. Апелира, да биде забранет за сите, освен за оние што работат.
„Разговарав со Гаревски и го замолив во моменот кога ќе утврдат дека мостот е безбеден за граѓаните да се отвори барем за движење за пешаците. За возила најверојатно ќе мора да се почека неколку месеци а можеби и повеќе“, истакнува директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Тој исто така предупредува дека мостот кај Визбегово е можеби и најкритичната точка во Скопје, за кој, како што вели, ќе биде прв мост што ќе падне.
„Од мостот Визбегово излегуваат коцки кои се тешки по неколку килограми и тие паѓаат долу на патот под подвозникот на исклучително фреквентна улица. И замислете таква коцка да падне некому на ветробранското стакло. За жал, овој мост се уште е отворен и прогнозирам дека ќе биде прв мост кој што ќе падне“, појаснува Ангелов.
Целото интервју гледајте го тука.