Тројца загинати од кои две деца во воздушен напад врз Киев

Три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во воздушен напад на украинската престолнина утрово, соопштија градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и воените власти.

„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Десњан“, објави воената управа на Киев на Телеграм.

„Меѓу загинатите во областа Дешњан има две деца (5-6 и 12-13 години)“, додаде истиот извор.

Кличко на Телеграм напиша: „Според првите информации добиени од спасувачките екипи, пронајдени се тројца мртви, меѓу кои две деца и четворица ранети“ во тој дел на Киев.

Неколку руски ракети беа истрелани врз главниот град на Украина оваа недела. Во понеделникот жителите на Киев мораа да бараат засолниште поради необичен напад во текот на денот.