Тројца се борат за живот по вчерашната несреќа во Романовце

Две жени на 35 и 50 годишна возраст како и маж на 65 години се во критична состојба и на апарати за дишење на КАРИЛ. 

Пациентите имаат тешки изгореници дури над 85% од телото, направена им е интубација и дишат со помош на маханичка вентилација, дознава Сител.

Во вчерашниот пожар во Романовце загинаа 4 лица меѓу нив и три деца.