Б92 јавува дека се познати причините за сообраќајната несреќа на српски автобус со автомобил во близина на ГП Богородица, од грчка страна.
Четворица загинати во судар на српски автобус со автомобил во близина на ГП Богородица
Според возачот на српскиот автобус кој се превртел, возачот кој го управувал автомобилот заспал на воланот, јавуваат грчките медиуми.
Според возачот на автобусот, тој се обидел да го избегне судирот, поради што автобусот завршил во ендек.
Во патничкиот автомобил имало тројца Грци и еден Русин на возраст од 66-73 години и оделе на риболов, пренесува „Филатлос“.
Веднаш по насилниот судир, туристичкиот автобус со 81 патник завршил во ендек, а патниците ги кршеле стаклата за да излезат, јавува Б92.
