Утрово се очекува да започне операцијата за спас на петте лица, труичлено семејство и двајца водичи, кои опд саботата се заробени во пештерата Крижна јама во Словенија. Доколку сè оди според планот, „заробените“ од Крижна јама ќе бидат спасени во попладневните часови.
Водата во Крижна Јама, која го блокираше излезот, синоќа почна да се повлекува и се очекува нуркачите да ги извлечат, изјави Лука Залокар, техничкиот раководител на интервенцијата на пештерата.
Акцијата за спасување почна веќе во саботата попладне, а досега два тима нуркачи отишле кај луѓето и им обезбедиле сè што им е потребно.
Тие се заробени во пештерата, на околу 2,4 километри од влезот.
Нивото на водата почна да опаѓа во неделата навечер, а се очекува конечната одлука на спасувачите да биде донесена денеска по проценка на состојбата.