Сакам да има возило со шофер, кои ќе се под капата на општината, и кои 5 дена во неделата ќе одат по поречките села и секаде каде што има стари луѓе, да бидат запазувани, и да им се излага во пресрет за нивните потреби.
Да има кој да им купи храна, лекови и да има кој редовно да ги посетува. Такви лица кај нас има многу. А политичариве наши брате Aцo забревтани од полнење на сопствените џебови, си ги заборавија своите луѓе. Брате, тоа е наш народ и бара грижа, а да се грижиш за старите е света работа брате.
Друго брате, како човек кој редовно го посетува Порече и поречкиот крај, имам желба за дивечот едно арно да направиме.
Сакам поила за вода да им се направи, да не мора да се симнуваат долу кај реките и езерото каде што скриени дремат криволовците и ги стреелаат, убиваат. Сакам на жештиниве да си имаат водичка и жед да изгасат. Можеш брат ова, во соработка со ловното можеш ова арно да го направиш.
И трето, последно брат, сакам таблата во Манастирец каде што се стрелани 103 Поречани да ја обновиш. Сакам вистината нашите поколенија да ја знаат, сакам жртвите да почиваат во мир и да се соодветно испочитувани. Знам брате дека можеш ова, затоа и те молам.
Барање од долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Андревски до кандидат за градоначалник на Македонски Брод.
Кандидатот Ацо Новески до кого се упатени барањата вели дека ако стане градоначалник ќе работи за сите луѓе во Македонски Брод.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10160066245898395&id=681278394