Триглав Осигурување АД Скопје во првите шест месеци од годината оствари нето добивка од 36,4 милиони денари (речиси 600 илјади евра), што претставува раст од 34,3 милиони денари во однос на 2022 година.

Нето приходите од премија за годинава изнесуваат 532 милиони денари и значи раст во споредба со 2022 за 7,9 насто, односно за 43 милиони денари.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 26,7 милиони денари и се за 15,8 насто повисоки од 2022, генерално поради растот на општите каматни стапки на пазарите, појаснуваат од компанијата. Од овие приходи, 91 отсто се однесуваат на камати, а 4 проценти на приходи од наемнини. Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 51 милион денари и се на исто ниво како илани. Oстанатите осигурителни приходи, како и останатите приходи се пониски за 1,6 милиони денари, односно за 20,3 отсто.

Нето расходите за штети се во износ од 258 милиони денари и се за 18,7 милиони (7%) пониски од минатата година.

Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 16,6 милиони денари и се за 1,5 милиони повисоки од лани.

Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2023 година изнесуваат 232 милиони денари, што претставува раст од 16 насто или 31,8 милиони денари во однос на споредбениот лански период.  претходната година. Трошоците од вложувања се минимални – 0,2 милиони денари. Останатите осигурително-технички трошоци се во износ од 29,9 милиони денари и тоа означува пад од 1,6 отсто, додека најголемо намалување има кај штетите за непознати и неосигурени возила (гарантен фонд) и кај асистентските услуги.

Билансната сума на Друштвото на 30 јуни  изнесува 3.112 милиони денари, и е за 26 насто повисока во однос на состојбата од последниот ден на 2022 година.

Што се однесува до претстојниот период, се смета дека работењето ќе се одвива во отежнати макроекономски услови при заострена конкуренција на осигурителниот пазар и неповолно

финансиско опкружување за остварување принос од финансиските вложувања.

Сепак, наведуваат од компанијата, очекувањата се позитивни. Притоа се предвидува зголемено ниво на премија и наплата. Воедно, постои и уверување дека Триглав Осигурување АД Скопје ќе ја одржи водечката позиција на пазарот, ќе ја задржи профитабилноста и сигурноста во работењето.

Воедно, планираната премија за годинава изнесува 1.570 милиони денари. Тоа претставува раст од околу 3,5 насто во поредба со лани. Добивката треба да се движи по нагорна линија и да достигне 43 милиони денари.

Од компанијата нагласуваат дека во фокусот ќе биде дополнителен развој на стратешките осигурителни производи, со што на клиентите ќе им се обезбеди врвна, навремена и доверлива услуга.