Трифун Костовски размислува за градоначалник на Скопје но сака да стане премиер

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски кој е сопственик на Еуростандард банката во стечај не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје.

Во изјава за неделникот Фокус, Костовски посочува дека неговите амбиции се уште поголеми.

Бизнисменот според Фокус има амбиција да стане премиер, навестувајќи можно учество на претстојни парламентарни избори.

“Имам капацитет, искуство, знаење, чесен сум, се чувствувам чист и праведен и мислам дека народот ја заслужува мојата чесност. Не исклучувам кандидатура за градоначалник на Скопје, но јас имам поголеми амбиции, за премиер. За да формирам партија, немам финансиски можности, но може да се направи граѓански фронт, да се обединат граѓанските сили во едно движење”, вели Костовски за фокус.мк

Со помош на ВМРО-ДПМНЕ Костовски пред 15 години во еден мандат беше градоначалник на главниот град