Трифонов „воздржан“ дали треба да ѝ се помогне на Македонија за пожарите

„Прекрасно е да се биде солидарен, добар и да се помага. Но, јас мислам дека кога во исто време вашата куќа и куќата на вашиот сосед се во пламен не треба да одите и да ја гасите куќата на соседот”,

„Одлично е што ѝ помагаме на Северна Македонија и така треба, но до што води ова? Кај нас нема доволно пожарникари и со пожарите треба да се справуваат службите за шумско спасување“.

Фејсбук статус на лидерот на бугарската „Има таков народ“ Слави Трифонов кој потсетува дека во вчерашниот пожар во регионот на Благоевград загинале двајца службеници на шумските служби и дека Бугарија мора веднаш да побара помош од Европската Унија.