Лидерот на „Има таков народ“ во негов стил и на Фејсбук, најави дека неговата партија нема да учествува со министри ниту пак ќе поддржи влада на Марија Габриел, која е предложена од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов.

Денеска во 15 часот, Габиел требаше да го презентира предлогот за влада на претседателот Румен Радев во кој ќе има и министри од партијата на Трифонов.

Вчера беше објавено дека во предлог владата на ГЕРБ со премиерката Марија Габриел, ќе има околу 13-15 министерски места од ГЕРБ, 3-4 од ДПС и двајца министри од „Има таков народ“.

Таквата влада би имала сигурна поддршка од 116 пратеници, иако речеиси бешѓе извесно дека 124 би биле против – нешто што го истакнуваа лидерите на другите парламентарни партии како „Продолжуваме со промената“ и социјалистите…

Според Трифонов, тоа значи дека кабинетот подготвен за првиот мандат не е експертски.
В о објава на Фејсбук Трифонов вели дека никој немал разговор со ИТН, ниту за составот на кабинетот, ниту за структурата, ниту за стручноста на луѓето во него.
Тој вели дека предложениот кабинет не е експертски.

Во принцип не сме ветиле и нема да дадеме поддршка. Затоа, „Има таков народ“ ниту ќе учествува ниту ќе го поддржи првиот мандат на кабинетот на ГЕРБ, рече тој.