Слави Трифонов, лидер на партијата Има таков народ од владината коалиција во Бугарија, им се обраќа на „Северномакедонците“ по палењето на влезната врата од клубот „Ванчо Михајлов“ од пејачот Ламбе Алабаковски.

„Се дозна кој е потпалувачот на бугарскиот културен центар ‘Иван Михајлов’ во Битола. Станува збор за 34-годишен маж, пејач, по име Ламбе Алабаковски. Самиот го признал сторениот престап.


Истовремено, корисниците на социјалните мрежи во Северна Македонија почнаа да објавуваат фотографија од односниот Ламбе, придружена со текст: ‘И јас сум Ламбе Алабаковски! Је ѕuіѕ Lambe Alabakovski! Сите сме Ламбе, стоп на фашизмот’.

Сега. Од целата оваа гнасна историја, Северномакедонците, ако се паметни, сепак можат да си извлечат сериозна поука. Ќе ви кажам каква е таа.

Во раните утрински часови на 4 јуни Ламбе оди пред бугарскиот културен центар ‘Иван Михајлов’, истура туба со запаллива течност и ја пали течноста. Огнот се шири толку брзо што го достигнува подметнувачот Ламбе. Според медиумите во Северна Македонија, тој има изгореници на рацете.

Која е поуката драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со вашата омраза кон нас се горите самите себеси“, објави Трифонов на Фејсбук.