Лидерот на „Има таков народ“ (ИТН) Слави Трифонов реагираше на изјавата на премиерот Кирил Петков кој го нарече „бивш пејач“ по размената на обвинувања откако паријата на Трифонов ги повлече министрите од владата и практично ја воведе земјата во политичка криза.
„Денес, еден човек реши да ме навреди нарекувајќи ме „бивш пејач“. За добро или лошо, не сум бивш – продолжувам да пеам“, напиша синоќа ТРифонов на Фејсбук.
Неговата изјава беше одговор на онаа на премиерот Кирил Петков кој не негираше дека разговара со пратеници од ИТН за поддршка на ажурирањето на буџетот.
„Верувам дека во овој парламент има луѓе со висок морал кои ќе ги изберат бугарските интереси наместо нивниот партиски лидер, особено ако тој е поранешен пејач кој најнеодговорно реши да ја ризикува владата поради своето лично его, рече Петков.
