Лидерот на „Има таков народ“ партија за која се очекува да биде победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија, најави дека самосттојно – без коалиции – ќе состави влада и дури и го обзнани новиот состав во кој тој нема да биде ни премиер ни дел од идниот кабинет.

Водителот кој од шоу-бизнисот влегува во политиката и кој нема високо мислење за Македонија најави уште нешто:

„Исто така, ќе иницираме и преку НАСА, двајца бугарски астронаути, маж и жена да заминат во вселената, а ќе земеме со нас и еден северномакедонски астронаут. Треба да престане да гледаме кон Земјата, туку да почнеме да гледаме нагоре“, рече Трифонов во видео-обраќање денеска.