Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов ќе поднесе тужба против бугарскиот премиер Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и министерот за спорт во оставка Радостин Василев поради тоа што од нив во неколку наврати бил наречен „мафија“.
-Денес неколку пати слушнав дека јас сум мафијата од страна на премиерот Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и Радостин Василев, кого не знам како да го дефинирам. Се согласувам дека во Бугарија секој може да каже нешто за секого, но мора да одговара за своите зборови’ објави синоќа Тригонов на Фејсбук.
„Еднаш ги осудив жолтите весници за нивните лаги. Ги добив сите случаи. Сега ќе поднесам тужби против Кирил Петков, Асен Василев и Радостин Василев за нивните лаги и сугестии. И, се разбира, ќе ги добијам. Фактите се против лагите и клеветите’, објави Трифонов.
Бугарскиот премиер Кирил Петков на специјалната прес-конференција на партијата „Продолжуваме со промените“ вчера ја поздрави одлуката на пратеници на „Има таков народ“ да ја напуштат партијата на Слави Трифонов и со тоа да останат дел од бугарската влада.
„Бугарија има шанса! Мафијата штотуку го загуби коалициониот партнер“, нагласи Петков.
Претходно беше објавено дека пет пратеници и министерот за спорт во оставка ја напуштаат ИТН.