Трифонов: Францускиот предлог е доказ за предавството на Кирил Петков

Лидерот на бугарската „Има таков народ“ посочи две „главни точки“ од францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија кои според него се „апсолутен доказ за националното предавство што го извршил премиерот Кирил Петков“.

Според Слави Трифонов првото е барањето за признавање бугарско малцинство во Македонија.

„Во северна Македонија нема бугарско малцинство, туку има Бугари“, објави тој на Фејсбук и на неговата ТВ 7/8.

Според Трифонов, нема ни македонски јазик. „Не е важно што предлогот ѝ дава право на Бугарија да не го признава македонскиот јазик, под услов другите европски земји да го признаат“.

Слави Трифонов ја употреби фразата „гаранција-Франција“ во врска со предвидените гаранции дека ЕУ и Франција ќе ги исполнат обврските од Договорот за пријателство и добрососедство, но „подоцна“.

Ова „подоцна“ според Слави Трифонов, очигледно се однесува на укинувањето на ветото на Бугарија за преговарачката рамка.

Според Слави Трифонов, целата сага со предметниот предлог на француското претседателство категорично докажува дека тој ги имал сите причини да ги повлече министрите и дека премиерот Петков водел паралелна политика различна од Министерството за надворешни работи.

Се што чул и слушнал од Кирил Петков биле смешни и апсурдни објаснувања, вели Трифонов како што пренесе Њуз.бг