Иван Тричковски погоди за АЕК Ларнака, а Езгјан Алиоски асистираше за Фенербахче во победата на Кипар од 2:1 во дуелот на екипите на македонските фудбалски интернационалци во Лига Европа.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, 35-годишниот напаѓач Тричковски, го реализира ударот од белата точка за 1:1 во 52. минута, а актуелниот член на националниот тим Алиоски во 16. минута со прецизно додавање во противничкиот шеснаесетник му овозможи на Жоао Педро да го отвори резултатот.

Играчот за врска на македонската репрезентација Енес Барди, пак, со луциден, филигрански прецизен удар под живиот ѕид, му донесе водство од 3:0 на Трабзонспор на домашен терен против Монако.