Тричковски за љубовницата на Гоце Делчев и за сечење глава на Милчин

Еден од главните пропагандисти на СДСМ и премиерот Заев, новинарот Бранко Тричковски, продолжува со навредливите и заканувачки постови полни со насилство и опседнатост со смрт и убиства.

Во својот пост со наслов “Цреши” тој зборува како замислувал дека го коле режисерот Владимир Милчин.

“Кога ја сечев јапонската цреша во дворот на Моника Белучи, имав чувство како да му ја сечам главата на Владе Милчин: Имаат слична крошна, тврди се и бесплодни”, напиша Тричкоски.

Во другиот пост “Црешата го отепала Гоцета” Тричкоски во обид да биде духовит раскажува како загинал Гоце Делчев.

“Турците почнале да ја сечат јапонската цреша во дворот на неговата љубовница во Баница, Гоце скокнал од неа за да ја одбрани црешата, кога душманскиот рафал го пресекол во градите.
Така загинал за Татковината апостолот на македонската револуционерна борба против слободата.
Црешата го има отепано Гоцета, така да знаете!”, пишува Тричкоски.