Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е кандидатка за нов генерален секретар на Алијансата, објави синоќа британскиот таблоид, пренесува Ројтерс

Како кандидати за наследник на Јенс Столтенберг се споменуваат и естонската премиерка Каја Калас и канадската министерка за финансии Кристија Фриланд.

Се очекува Столтенберг да ја напушти оваа функцијата по девет години, додека мандатот на претседателката на Европската комисија истекува следната година.

Таблоидот пишува дека Фон дер Лајен ја очекува тешка борба бидејќи Велика Британија ќе се спротивстави на нејзината кандидатура, затоа што смета дека таа лошо управуваше со вооружените сили додека беше министерка за одбрана на Германија.

Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ напиша дека меѓу кандидатите за нов генерален секретар на НАТО се и актуелниот британски министер за одбрана Бен Валас кој е поддршуван од актуелниот британски премиер Риши Сунак… како и шпанскиот премиер Педро Санчез.