Во Вашингтон се појавил нов документ за решавање на прашањето за односите меѓу Србија и т.н. Косово, зад кое стои човек на поранешниот американски претседател Барак Обама.

Според „документот“, постојат три можности за договор меѓу Белград и Приштина, но исто така се посочува дека ниту една од нив не е „идеална“.

Првата е употреба на „стимулации“ за Србија – поддршка од донатори и забрзано членство во ЕУ за да се согласи на признавање.

Втората е Србија да одобри формирање на нови автономни области за косовските Срби, но и за српските Албанци.

Третата е враќање кон предлогот за размена на територии кој бил основа на Нацрт-договор за 2018 година, пишува Блиц.

Ова, според Блиц се заклучоците од анализата „Рестартирање на дијалогот меѓу Косово и Србија“, зад која стои влијателниот тинк-тенк Меѓународна кризна група.

Претседател на оваа организација е Роберт Малеј, човек од администрацијата на американските демократи и советник во Белата куќа за време на претседателскиот мандат на Барак Обама, пишува Блиц.