Македонскиот клуб за модерни танци Студио Брејк А Лег од Скопје освои 3 први места на меѓународниот натпревар Greece Open 2022 кој се одржа на 8 Мај во Солун, Грција.

На натпреварот земаа учество напреварувачи од Грција, Македонија, Бугарија и Црна Гора.

Македонските преставници прво место освоија во следниве натпреварувачки категории:
– Хип Хоп Соло Јуниори Ангела Казанџиска, Студио Брејк А Лег
– Хип Хоп Формација Јуниори Студио Брејк А Лег
– Хип Хоп Формација Сениори Студио Брејк А Лег

Им посакуваме уште многу успех на престојните напреварувања како што се државното првенство и куп на Македонија во Скопје, Медитераниан денс во Бар, Црна Гора, како и Европско првенство кое ќе се одржи и организира од 01 до 05 Јули 2022 во Скопје.