Три лица починаа, 96 нови случаи на коронавирус

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани две починати лица од Скопје (81г и 91г), двете лица се починативо домашни услови.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени се 729 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 55, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка – по 2, Неготино, Радовиш и Богданци – по еден.

Од вкупниот број на позитивни , регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 37 оздравени пациенти.