Три лаги на Заев во 10 секунди: Манипулација број 1

Во вчерашниот дуел на премиерот Заев со лидерот на опозицијата Мицкоски во емисијата Само вистина на Канал 5 имаше низа нејаснотии и политички препукувања за кои јавноста сама ќе утврди колку се на место.

Тимот на expres.mk укажува на неколку неточности искажани од премиерот Заев кои беа употребени за да се поткрепат неговите политички тези.

Зборувајќи за причината зошто е одбрано името Северна Заев рече дека Горна не било дел од име на ниедна друга држава а името Северна било присутно секаде низ светот и дека земји со такво име имало и на американскиот континент.

Проста проверка на оваа изјава на интернет покажува дека во ниту еден дел од Американскиот континент нема земја со зборот Северна во името или North на англиски јазик.

Кој го советувал Заев дека во Северна во јужна и во средна америка има држава со име Северна за тоа тој да го тврди јавно е прашање за неговиот кабинет или можеби за неговото образование и општа полиитчка култура.

Во секој случај вџашувачки е што еден премиер во обид да ги поткрепи своите тези дава лажни изјави за прашање кое што е најболно за македонската јавност и за кое се води битка речиси 3 децении.

Заев и неговите советници морале да знаат дека на американскиот континент нема ваква земја каква што измисли премиерот.

Фамозната изјава на Заев е по 53 минута

Еве ги сите земји на американскиот континент.
Меѓу нив нема земја со Северна во своето име.

Втората манипулација

Манипулација број 2 од трите лаги на Заев искажани во 10 секунди (ФОТО + ВИДЕО)