Три години затвор за сообраќајката кај „Сити мол“ во која загина Викторија Николова

Јордан Ѓорѓиев, обвинетиво случајот со тешката сообраќајна несреќа кај „Сити мол“ денеска беше осуден на казна затвор од три години.



На пресудата од Основниот Кривичен суд – Скопје ѝ претходеше признание на вина од страна на обвинетиот.

Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол“, при што животот го загуби Викторија Николова.

Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.