На денешен ден пред три години Националната арена „Филип Втори Македонски“ во Скопје беше домаќин на Суперкупот на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, во кој „кралевите“ славеа со 2:1.
Скопје и Македонија тој ден беа центарот на светот за љубителите на фудбалот, а 30.500 среќници на трибините имаа привилегија да ги видат великаните Зинедин Зидан и Жозе Мурињо на клупите, како и играчките величини Роналдо, Рамос, Модриќ, Бензема, Бејл, Крос, Де Хеа, Погба, Мхитарјан, Лукаку, Мата, Фелаини…
Касемиро и Иско беа стрелци за Реал, а намали Лукаку.