Три децении од усвојувањето на државното знаме на Македонија со Сонцето од Кутлеш

На денешен ден пред точно 30 години Собранието на Република Македонија го усвои Сонцеот од Кутлеш, симбол на древномакедонската кралска династија, за државно знаме.

Како официјален симбол на македонската држава тоа се користеше до 1995 година, кога беше заменето со денешното знаме со стилизирано сонце со осум краци.

Оттогаш 16-краката ѕвезда од Кутлеш, село од околината на Постол во Егејска Македонија, прерасна во национално знаме на Македонците, кое се среќава и во македонските цркви.

Откога власта за време на премиерот Зоран Заев почна да го отстранува од јавните површини, како дел од преземените обврски со Преспанскиот договор, тоа стана симбол на отпорот на Македонците против преименувањето на нивната држава, како и на сите одлуки на коалицијата СДСМ-ДУИ со кои се задира во идентитетот на македонскиот народ.

Сонцето од Кутлеш се наоѓа на знамето и на грбот на општината Пустец во Албанија, во која доминира македонско население, потоа на грбот на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, а негови варијации се присутни и на симболите на неколку општини во Македонија.