Трет врвен лекар за еден ден со шега на сметка на Филипче и Заев за вакцините

По детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски и ортопедот Виктор Камнар денеска уште еден од македонската лекарска елита прави мајтап на сметка на неспособноста на владата да набави вакцина против Ковид-19.

Детскиот хирург Ристо Симеонов зборува за кинеските вакцини за кои кинеската влада односно фирмата која ги произведува денеска ги врати парите уплатени како аванс.

“Кинезите по “грешка” пратиле анални тестери за корона, не се погодил КАЛАПОТ, ги вратиле”, пишува доктор Симеонов шегувајќи се на сметка луѓето кои освен подарокот од Србија не успееја да набават ниту една друга вакцина.

Симеонов е еден од тројцата влијателни македонски лекари кои за еден ден со иронија му покажаа на својот колега и министер Филипче што мислат за неговата и за работата на неговата влада.

Уште еден врвен лекар ги “трола” Филипче, Заев и Владата за вакцините