Промената на регистарските таблички која треба да се изврши најдоцна до февруари идната година, согласно одредбите , односно обврската преземени со “преспанскиот договор“, ќе ја плаќа секој сопственик на возило од 1.400 до 1.500 денари .

„Поволност“ ќе биде тоа што промената можела да се изврши пред терминот на годишната регистрација.


Ако се знае дека во Македонија има околу 500.000 возила, едноставна математика покажува дека граѓаните – за обврската што ја презела Македонија спрема соседна Грција – ќе ги чини над 12,5 милиони евра.

Ова е трето масовно менување на регистарските таблици во Македонија, но и прво за кое ќе треба од свој џеб да се плаќа за предвременото менување, потсетува „Скопско ехо“.

Во 1993 година се воведоа таблици кои содржеа само кратенки од имињата на градовите – „СК“, „БТ“…, со три бројки и две букви.

Во 2012 г. почна воведувањето на таблици со ознаката „МК“ на сина лента на лева страна.

Во 2019 г. стартуваа новиte таблици со ознаката NMK на сина лента на лева страна.

„Само со една обична налепница би можело да се реши се. За личните карти, тие нека се менуваат по истекот на важноста. Вака, само се зголемува револтот кај народот“ велат граѓани за Скопско ехо.

„Што ќе се случува со вратените таблици?

Доколку МВР планира да ги продаде како старо железо, зошто тој приход не се искористи за да се намали цената за граѓаните?

Ќе му биде ли платена табличката која ја враќа сопственикот бидејќи за неа дал пари?

Каде се сега политичарите кои прифатија ваквите работи да „мора“ да се направат?

Нели ако се смени името на државата ќе влезевме непречено во ЕУ?- се некои од прашањата кои ги поставуваат граѓаните кои почнаа да го плаќаат „цехот“ од Договорот од Нивици со кој Македонија го смени уставното име.