Трет обид: Социјалистите го добиваат мандатот за состав на влада

Третиот мандат најверојатно ќе го добие БСП дознава од свои извори, News.bg.

„Црвените“ (како шрто ги нарекуваат) планираат уште еднаш да се обидат да формираат влада и ќе разговараат со другите партии.


Отсега се знае дека нема да се бара поддршка од ГЕРБ и ДПС иако Нинова пред неколку недели не ја исклучи поддршката за третиот мандат заедно со ГЕРБ.

Дали левицата и „Продолжуваме со промената (која не успеа да состави влада) ќе ги спојат позициите за обид за кабинет по трет мандат е нејасно, но неодамна линиите на поделба меѓу поранешните коалициски партнери се продлабочија.

Корнелија Нинова утрово уверуваше дека доколку БСП го добие третиот мандат „ќе направиме се што е можно“ и „се што е во наша моќ“.

Таа не исклучи ниту една страна од разговорите, но како „црвени линии“ ги посочи воената помош за Украина (за што се против) и „фиксирањето“ на датумот 1 јануари 2024 година за влез на земјата во еврозоната.