Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди, го постигна голот за Трабзонспор во ремито 1:1 кај Анкарагучу во 14. коло од турската Супер лига.
Барди го отвори резултатот во 70. минута, но само четири минути подоцна израмни Толга Чигерчи од пенал.
За 27-годишниот играч за врска на Трабзонспор ова е трет првенствен погодок сезонава по двата против Анталијаспор исто така на гостински терен, а вкупно четврти со тој против Монако во Лига Европа.