Треневски: Ако сме држава што држи до себе, овој момент треба на Џамбаски да му се забрани влез во Македонија!

Некогашниот македонски министер за иселеништво, а подоцна амбасадор Мартин Треневски ја повика власта во Македонија веднаш да му забрани влез на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

„Ако сме држава што држи до себе, овој момент треба да му се изрече забрана за влез во Македонија на Џамбаски. Па, што ако е член на Европскиот парламент! Изјавата на Спасовски дека МВР за тоа ќе решело на 4 февруари е чист дилетантизам, зошто тој може да влезе на 3 февруари! Па, тој Џамбаски сред ЕП со раката покажуваше ‘Хајл Хитлер’! Ќе убивал претседател?!“, изјави Треневски во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа.